Лазар Алабаковски, татко на пејачот Ламбе, кој е уапсен за потпалувањето на бугарскиот клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, во изјава за „Фокус“ вели дека семејството било изненадено од веста за апсењето на Ламбе.
„Што да ви кажам, како што беше изненадена цела Македонија, така и ние домашните се изненадивме од настанот. Како гром од ведро небо не удри веста дека Ламбе ја потпалил вратата на здружението во Битола. Искрено, не очекувавме такво нешто, изјавил за „Фокус “Лазар Алабаковски.
Лазар, кој живее во Љубојно, вели дека денес бил во Битола и го посетил Ламбе. Додава дека син му е добро, заедно со сопругата и децата во семејниот дом.
-Ламбе се држи добро, смирен е. Не знам што да кажам, што е – тука е. Ќе чекаме одлука во понеделник, јас како родител, нормално е дека се грижам. Благодарен сум на поддршката која народот му ја даде, ние како семејство, сите стоиме покрај него и во добро и во лошо, вели Лазар.
извор: „Фокус“