Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во вторникот дека земјотресите од минатата недела биле со „јачина на атомска бомба“, а новите бројки покажуваат дека бројот на загинати во Турција и Сирија е над 40.000.
Ердоган, исто така, рече дека стотици илјади згради не можат да се користат низ Турција, додавајќи дека секоја земја ќе се соочи со истите последици како Турција „во случај на таква катастрофа“.
Но, во градот Ерзин, среде силно погодениот регион Хатај, никој не загина, а ниту една зграда не беше значително оштетена. Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња во градот со 42.000 жители.
„Немаме урнатини, жртви или повредени поради земјотресот“, рече Оккеш Елмасоглу, изразувајќи сочувство до сите погодени од земјотресот. Елмасоглу е градоначалник на овој град.
Како што вели, причината поради која во неговиот град нема урнати згради, а потоа и мртви е тоа што никогаш не дозволил никаква дивоградба.
„Не дозволив дивоградба во ниту една смисла. И покрај тоа, некои се обидоа. Иако на почетокот не можевме да ги следиме бидејќи немавме доволно персонал, подоцна ги пријавивме кај обвинителот и зградите беа урнати. вели градоначалникот, според Хуриет дејли.
index.hr