Седма година како СДС е на власт и упорно се обидува да се одржува на власт да ги спаси своите тендери, бизнис, корупција пробувајќи разни акробации со албанските политички партии, истакна Благица Ласовска, пратеничка во Собранието на денешната собраниска седница.
Ласовска во текот на своето обраќање потсети како СДС дојдоа на власт и што се ветуваа за граѓаните.
-Мора да потсетиме како дојдоа на власт. Дојдоа на власт со паролата нема правда, нема мир-живот за сите, бесплатно здравство во Европа. Потоа имаше дека сме влезени во ЕУ, па неколку датуми почнати за преговори, па сега одиме со реториката започнати преговори. И бидејќи ова парламентарно мнозинство е нестабилно, два месеци не можат да се соберат за да се изгласа било какво законско решение, рече таа.
Пратеничката посочи дека во последната година од мандатот на СДС, Алијанса за Албанците решиле да бидат резерва гума на ДУИ, а претходно ги нарекуваа дека се канцер за општество.
-Еве сега оние лути противници кои што беа Алијанса и ДУИ, решија во последната година од мандатот на СДС да фрлат како вели Арбен Таравари-резервна гума на ДУИ. Истите тие кои само пред една година кога влезе Алтернатива во Владата, имаме многу нивни изјави кои што кажуваат дека резервна гума на ДУИ, немаат намера да бидат. Но што се случи?Еве има некакви сигнали дека се работи за одредена корупција, за одредено подмитување, за некакви куќи. Има ли некакво обвинителство во државата? Јовески сите знаеме дека чека тука да биде избран, по допрен глас да провери дали овие наводи се точни или неточни и што е тоа што една албанска партија беше и те како сериозен противник на ДУИ во претходните парламентарни избори да влезе да ги спасува токму тие за кој што велеше дека се канцер во општеството, се најкриминални, вели Ласовска.
Ласовска исто така упати и прашање до премиерот Ковачевски што ќе каже за последната изјава на Таравари дека доколку не се отвори Уставот ќе се радикализираат Албанците и дали тоа е европски?
-Би сакала да го прашам премиерот Ковачевски што ќе каже за последната изјава на Таравари дека доколку не се отвори Уставот ќе се радикализираат Албанците, дали тоа е европски, дали кога ја договараа програмата и платформата договорија вакви слаоми да се прават, вакво прашење на Македонците и на целото општество дека ќе се радикализираат Албанците, запраша таа.
извор: ВМРО ДПМНЕ