Наместо селективна правда Пендаровски одлуката за помилувања да ја прошири кон сите неправедно осудени кои се во затвор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков одговарајќи на новинарско прашање во врска вчерашната листа на помилувања на Пендаровски и затворените за настаните од 27 април.
Лефков истакна дека треба да има неселективност во правдата и одлучувањата.
– Очекуваме неселективност во одлучувањето на Пендаровски, очекуваме неселективност во правдата. И наместо селективна правда по примерот на ваквата одлука таа да се прошири кон сите неправедно осудени кои се во затвор, истакна Лефков.