На момче (7) од Србија успешно му било пресадено срце во Загреб

0
150

Седумгодишно момче од Србија кое боледувало од тешка срцева слабост вечерва во Клиничкиот болнички центар во Загреб извршило успешна трансплантација на срце, соопшти Републичкиот фонд за здравствено осигурување.

 

Според информациите на лекарот, операцијата поминала добро и здравствената состојба на момчето е стабилна, јавува РТС.

 

Републичкиот фонд за здравствено осигурување претходно спроведе итна постапка за упатување на детето на лекување и ги финансираше трошоците за лекување на детето во Хрватска, вклучително и посебен медицински превоз.

 

telegraf.rs