Мицкоски:Покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните 8 години

Катастрофалните политики на владата на ДУИ поддржана од СДСМ продолжуваат. Имено, стоковата размена со странство, покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните осум години, според државниот завод за статистика, напиша на својот фБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Какви се бројките на покриеноста на увозот со извозот?

2015 година – 70,2%

2016 година – 70,9%

2017 година – 73,4%

2018 година – 76,5%

2019 година – 76,2%

2020 година – 76,1%

2021 година – 71,8%

2022 година – 68,4%

Неспособноста, освен тоа што е главна карактеристика, таа е заразна за оваа влада, надополнета со неизмерен криминал.Имаат две заеднички цели, лично богатење и свесно уништување на институциите на Македонија. Набргу од денес за криминалот и несовесното работење ќе има одговорност. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред.

извор: ФБ Христијан Мицкоски