Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници

Бизнисмените од Битола, кои вербално нападнаа советници од битолскиот совет добија, условни осуди казна затвор. Ваква пресуда донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба.

– Бизнисменот Александар Талевски е осуден на 6 месеци условно, доколку не изврши кривично дело во период од една година а неговите синови, кои исто така беа дел од овој настан, добија алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело, објави независен. Инцидентот се случи на 28 декември во кафеана на битолски Широк сокак, кога според МВР полициски службеници од свр битола ги привеле бизнисмените, затоа што се однесувале агресивно кон советници од совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Тие, исто така, се однесувале агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, стои во полицискиот билтен.

фото: Архива