Турција: Одреден притвор за 131 лице во врска со урнатите згради во земјотресот

Судовите во Туркије одредија мерка притвор за 131 осомничен кои имаат одговорност за уривањето и противзаконски измени на зонирањето на зградите што се уништени во разорниот земјотрес, јавува Анадолу.

Според информациите на дописникот на АА, во истрагите што ги започна Државното обвинителство во врска со објектите срушени од земјотресите или кај кои се забележани промени во зонирањето, утврдена е одговорност кај 430 осомничени.

Од приведените, на 131 им е одредена мерка притвор, а за 127 е одлучено да бидат пуштени со мерка забрана.

Освен тоа, полицијата трага по уште 85 лица.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.