Околината на Струмица зафатена од пожари

0
136

Околината на Струмица е зафатена од пожари кои избувнаа околу пладне. Прво почна да гори во близина на селото Баница, а потоа пожари избувнале на уште десетина места, каде горат стрништа во непосредна близина на градот.

Густиот чад може да се забележи оддалеку, а остатоци од изгорениот материјал силниот ветар ги носи и до централното градско подрачје. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гаснењето на пожарите се вклучени 20 пожарникари и три против пожарни возила.

-Засега нема посериозни штети предизвикани од пожарот освен што е изгорен еден сосема мал дел од покрив на една викендичка. Првиот повик дојде за запалена депонија во близина на селото Баница, а набргу потоа пожар избувна на уште десетина други локации каде горат стрништа, изјави Гудев.

Додава дека пожарите се под контрола и се локализирани, но силниот ветар го отежнува гаснењето.

 

skopskoeho.mk