Во тек на вчерашниот ден во 12.30 часот во водите на реката Вардар било пронајдено безживотното тело на Милка Чалова (74), која се водеше за исчезната од 24 јануари.
Како што информираат од СВР Велес, телото го пронашле полициски службеници, и појаснуваат дека потрагата по демиркапијката се одвивала секојдневно, откако нејзиниот син ја пријавил за исчезната.
На телото на удавената жена немало траги на насилство, и било предадено на семејството за погреб.
извор? СВР Велес