(ВИДЕО) Снимки од разорниот земјотрес во Таџикистан

Земјотрес со јачина од околу 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Таџикистан во четвртокот наутро. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Епицентарот е на околу 82 километри од најблиската граница со Кина. Прелиминарната јачина беше 7,2 степени според Рихтеровата скала, а Геолошкиот институт на САД (USGS) подоцна соопшти дека јачината е 6,8 степени.

Овој голем земјотрес беше проследен со бројни потреси. Се уште нема официјални информации за жртви или материјална штета.

Кинеските медиуми јавуваат дека овој силен земјотрес бил почувствуван и во кинеската провинција Ксинџијанг. Освен во Кина, земјотресот е почувствуван и во Пакистан, Узбекистан и Авганистан.

 

24sata.hr