Земјотрес со јачина од околу 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Земјотресот е регистриран околу 8 часот и 37 минути, на длабочина од 10 километри.
Епицентарот е на околу 82 километри од најблиската граница со Кина, а силно се почувствувал во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг, јави CCTV.
Просечната надморска височина на пет километри од епицентарот е околу 4.655 метри, истакнува CCTV, а пренесува Ројтерс.
index.hr