На ден 18.02.2023 година во атар на с.Кнежино, во Шумско стопанската единица Дреново, оддел 13, од страна на реонските шумочувари затекнати се лица како носат бесправно посечено дабово огревно дрво со коњи.
По извршената контрола дрвата се одземени и пренесени во складот на Подружницата Лопушник.
Исто така на ден 21.02.2023год. во делот на место викано Црн Камен, во истата Шумско стопанска единица, во оддел 14, реонските шумочувари затекнале дабово огревно дрво кое потекнува од бесправна сеча, дрвата биле исечени и дотурени на шумско камионски пат, спремни за транспорт од страна на дрвократците.
По извршената постапка дрвата се одземени и пренесени во складот на подружницата во Кичево.