Поранешниот амбасадор, актуелен политички аналитчар и колумнист, Арсим Зеколи изнесува вчудоневидувачко тврдење дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети намерно го девалвира премиерот Димитар Ковачевски и неговата СДСМ бидејќи сака ВМРО-ДПМНЕ побрзо да дојде на власт.
Однесувањето на ДУИ е смислена стратегија, ќе заклучи Зеколи „за да му помогне на ВМРО преку понижување на СДСМ“.
Зеколи на крајот го изнесува и тврдењето дека партијата на Ковачевски – СДСМ е декласирана, дискретно најавувајќи забрзано нејзино тонење кон нерелавантност по примерот на социјал-демократската партија во Грција, ПАСОК.
republika.mk