Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре почнува акција „Заедно со народот“ стотици тимови од партијата ќе ги посетат сите ажурирани членови и народот кој е против власта која го краде

ВМРО-ДПМНЕ започнува со акцијата „Заедно со народот“, од утре стотици тимови на партијата низ целата земја, ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија.

Тимови од партијата во прва фаза ќе остварат состаноци со сите ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со голем број на граѓани кои се опозициски расположени и кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец, истакна на денешната прес конференција Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Власта ја уништува државата за свои лични потреби, тие крадат, а народот пати. Основните услуги на државата често се под знак прашалник, основните потреби на граѓаните често не се подмирени. Додека власта се богати, народот е се посиромашен.

За да се промени болната реалност, и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените, неопходни се граѓаните.

Ќе разговараме со народот, ќе ги слушнеме нивните проблеми, нивните потреби.

Ќе ги повикаме сите граѓани да се приклучат со нас, и заедно во идниот период да делуваме се до финалниот пад на оваа ненародна власт. Секој еден поединец е важен, и секој еден поединец е додадена вредност во битката за пад на оваа ненародна власт.

Изворно ќе ги собереме предлозите на граѓаните и ќе ги преточиме во политики и акции за идно делување. Да се заложиме сите заедно за развој на Македонија.

извор: ВМРО ДПМНЕ