12 момчиња од Скопје, од кои десет се малолетни со тврди и остри предмети нападнале врсник под мостот „Гоце Делчев“

12 момчиња од Скопје, од кои десет се малолетни, вчеравечер се уапсени на улицата под скопското Кале, откако претходно на кејот на Вардар му се нафрлиле со тврди и остри предмети на момче од градот, соопшти полицијата.

„На 23.02.2023 во 21.20 часот на ул.„Лазар Личеновски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Џ.(19), Ј.М.(18) и 10 малолетници, сите од Скопје, затоа што околу 21.05 часот на кеј на река Вардар, под мостот „Гоце Делчев”, физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврди и остри предмети“, велат од полицијата.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МВР