Премиерот Таче, на собраниска седница, од место и дофрли на пратеничката Бети: „Жена ми барем е убава, а ти си РУЖНА“. 🥸
Ајмо, Хелсиншки, фемини, џинџер-еквалити и остала соросписка боранија… Три, два, еден – позор, сад, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.
Премиерот Ковачевски, пак, тврди дека рекол само за сопствената сопруга дека е убава, но не ја спомнал пратеничката Стаменкоска ниту рекол дека таа е „ружна“.
Пратеничката Стаменкоска-Трајкоска преку Фејсбук побара од премиерот Ковачевски да ѝ се извини.
„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес е да ми се извини“ – напиша Стаменкоска-Трајкоска.
Пратеникот Драган Ковачки исто така рече дека „Ковачевски ја навреди пратеничката Бети Стаменкоска на сексистичка основа, бидејќи пати од комплекс на ниска вредност затоа што не бил на избори и не го бирал народ.“
Го споделувам соопштението од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ поврзано со шовинизмот и сексизмот на нелегитимниот премиер кој навреди наша пратеничка.
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се извини за шовинизмот, сексизмот искажан кон колешка пратеничка, говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие
Крајно сме вознемирени, најсериозно загрижени и згрозени од она што се случи денес во храмот на демократијата и тоа од страна на премиерот Ковачески!
Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие.
Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини!
Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед!
Да се извини затоа што нема трпение да слуша за проблемите кои им ги создаде на граѓаните!
Да се извини затоа што ние – жените пратенички, имаме право на нормална работна средина во која ќе работиме за доброто на граѓаните и државата!
Политичка некултура, шовинизам и сексизам не смее да практикува никој, а најмалку премиерот Ковачески!
Жените во политиката имаат голема тежина!
Иако сериозно сме загрижени од омразата и агресивноста кои се манифестираат во законодавниот дом, на премиерот Ковачески му порачуваме – нема да нè одвратите од намерата да се бориме за доброто на граѓаните!
И додека очекуваме извинување од Ваша страна, бидете сигурен дека денешното однесување говори и повеќе од доволно за Вашата личност и Вашиот карактер!
извор: ФБ Димитар Апасиев, Драган Ковачки, Бети Стаменкоска-Трајкоска