Неформалниот лидер на „огнената група“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити брзо реагираше на повикот на Аптернатива за обединување околу идејата за создавање на заедница на албански општини во Македонија, по примерот на Заедницата на српски општини во Косово. Меџити вели дека тоа е во духот на децентрализација на локалната самоуправа. Но, како што вели, ако можат Србите да добијат заедница со 4 процентна застапеност на Косово, зошто не би можеле Албанците во Македонија со застапеност од, според него, 30 проценти објави mkd.mk.
„Заедницата во Косово ќе има домино-ефект во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со 4 отсто да имаат заедница и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30 проценти во Македонија и претендираат за истите права”, изјави Меџити.
Инаку, идејата за заедница на албански општини ја лансираше Алтернатива, партија која по завчерашното разрешување на нејзините министри, сега е и официјално во опозиција.
Текстот во целост на: mkd.mk.