Невеста од Германија била толку нервозна откако на фризер ѝ ја кажале цената на нејзината свадбена фризура, што удрила со нејзиниот автомобил во возилото на фризерката, соопшти германската полиција.
Најпрво 32-годишната жена излегла од фризерскиот салон во градот Хоф во јужниот дел на Баварија без да ја плати целата цена за нејзината фризура, извести полицијата. Потоа го удрила автомобилот на нејзината фризерка.
Полицијата ја истражува за два прекршоци.
Според истрагата, жената одбила да ја плати цената за фризурата во саботата. Наместо тоа, таа само ја дала сумата за редовно шишање и бесна излегла од салонот.
После тоа, според очевидци, жена удрила во паркиран автомобил пред салонот, а потоа побегнала од местото на несреќата.
Полицијата брзо го утврдила идентитетот на жената која ја сокрила несреќата, се вели во полицискиот извештај. Оштетениот автомобил е на фризерката.
Тој ден, полицијата отишла во домот на нервозната муштеријка за да го прегледа нејзиниот автомобил.
slobodenpecat.mk