(ВИДЕО) Крајбрежјето во Хатај-Турција целосно оштетено и распукано

0
148

По разорните земјотреси во Турција тлото не мирува со денови, само вчера беше почувствуван нов потрес од 5,7 степени по Рихтер.

Во меѓувреме додека се бројат жртвите и се расчистуваат срамнетите со земја згради и куќи се појави и видео снимка од пукнатините на земјата на тротоарите и зелените површини во областа Искендерун во Хатај.

Во оваа област за среќа немаше оштетен ниту срушен ниту еден објект, но има видливи оштетување на инфраструктурата и земјата.

Крајбрежјето покрај морето е целосно оштетено и распукано, додека почвата е распарчена на делови а тоа што го има под неа ги вознемирува жителите на ова место секојдневно.

Имено од под земјата излегува вода и кал, па поради безбедноста од „проголтување“ на цело тло стравуваат секојдневно речиси сите кои живеат во близина на обалата и морето.

kurir.mk