Поминаа три недели од разорните земјотреси во Турција и Сирија, а денеска од Турција стигна веста за спасување на коњ кој успеал да преживее под урнатините цели 21 ден.
Турското Министерство за земјоделство и шумарство објави видео од градот Адијаман на кое коњ е извлечен жив и здрав од урнатините три недели по земјотресот. Со мала помош од спасувачите, коњот сам се качил на цврста земја и веднаш бил однесен на ветеринар. Утврдено е дека нема сериозни повреди.
Adıyaman’da deprem afetinin 21. gününde ekiplerimizin de desteğiyle enkazdan sağ salim çıkarılan at, veteriner hekimlerimizce tedavi edilerek sahibine teslim edildi. pic.twitter.com/ck7b3XShUW
— T.C. Tarım ve Orman Bakanlığı (@TCTarim) February 27, 2023
Веднаш потоа коњот му бил вратен на сопственикот.
index.hr