ВРЕМЕПЛОВ- 1913 Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија

1913 Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат.

1917 Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит“

1992 Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ.

1994 Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.

1997 Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“‎‎, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година).

 

Од Википедија — слободната енциклопедија