Патнички и товарен воз директно се судриле.
32 лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во железничка несреќа во северна Грција. Патнички воз што сообраќал на релација Атина – Солун непосредно пред полноќ се судрил со товарен воз во близина на градот Лариса.
Причините за несреќата се уште не се јасни. Ударот бил многу силен и првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините. Според локалните власти, првите два вагони биле речиси целосно уништени откако биле зафатени од пожарот што избувнал.
Поради исклучително тешкиот судир, евакуацијата на патниците била извршена под многу тешки услови. Со патничкиот воз, кој тргна од Атина во 19:30 часот, патувале вкупно 350 луѓе.