Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север, денес (недела) и тоа од попладневните и вечерните часови температурите нагло и значително ќе опаднат, на повеќе места за околу, па и за повеќе од 10 степени, додека во северните предели тие ќе опаднат дури за повеќе од 15 степени. Во текот на денов ќе има и повремени локални врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.
Ќе започне да дува засилен до силен ветер од северен правец кој ќе се задржи и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник), како и во понеделник преку целиот ден. Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието (над 60 км/час). Поради заладувањето, денес (недела) не се исклучува можноста на највисоките планински места да има провејување и на слаб снег.
Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, и тие дополнително ќе опаднат од попладневните часови па натаму. Утре (понеделник) наутро температурите ќе бидат доста пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени.
Најстуден ден ќе биде утрешниот, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Особено студени утра и тоа поради разведрувањето ќе имаме во вторник и среда, и тие ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени, па така на повеќе места е можна појава на слана и на мраз.
Од вторник температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст, а од утре (понеделник) до среда времето ќе биде стабилно и суво, а нов бран на пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток.
НАПОМЕНА: Овие нагли и големи промени на времето, особено лоши ќе влијаат врз метеопатите, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.