(ФОТО) Целосно непрепознатлив, синот на Шварценегер драстично ослабе

Кристофер Шварценегер, синот на ѕвездата од „Терминатор“, покажа неверојатна трансформација на 29-тиот роденден на неговиот брат Патрик во Малибу во неделата.

Синот на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер воодушеви со својот изглед откако драстично го променил начинот на живот во 2020 година и почнал да слабее.

Фотографите го забележале Кристофер како пристигнува на роденденската забава и од фотографиите може да се забележи дека е неверојатно ослабен, што е огромно подобрување во последните две години.

24-гоедишниот Кристофер првпат го привлече вниманието за својата трансформација за слабеење во јули 2020 година.

Арнолд ја поддржал неговата желба да ослабе бидејќи долго време бил со прекумерна тежина.

„Се разбира, неговиот татко му беше од голема корист. Тој ги има сите знаења да му помогне и штом Кристофер покажал интерес, Арнолд веднаш бил таму за да го води и охрабри“, изјавил неименуваниот извор за „Hollywood Life“.

 

slobodenpecat.mk