Патниците кои ја преживеаа тешката несреќа во која синоќа се судрија два воза во близина на грчкиот град Лариса изјавија дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат.
Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина.
„Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа пекол. Се вртевме околу вагонот додека не застана и потоа паднавме. Настана паника. Кабли, пожар… Пожарот започна веднаш. Беше секаде околу нас“, изјави за Ројтерс Стергиос Миненис, кој ја преживеа несреќата.
Друг патник вели дека првите 10 до 15 секунди по несреќата биле хорор. И ја наведува истата ужасна ситуација – превртување, пожар, закачени кабли, скршени прозорци, заробени луѓе кои врескаат.
Ангелос Цијамурас за медиумите изјави дека судирот се чувствувал како земјотрес.
Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански…
По кратко боледување, ненадејно почина познатиот саксафонист и кларинетис, Илми Мустафов, пренесе romatimes. Илми беше син на легендарниот Ферус Мустафов и…