РСЕ: На „Огенените“ од ДУИ им се пруклучи Превала – Кадриу од Алијансата за Албанците

0
239

На „Огнената група“ од ДУИ им се приклучи Роланда Превала – Кадриу, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците. Таканаречената Огнена група во ДУИ, партија која е коалиционен партнер во Владата, бара реформи, објави slobodnaevropa.mk.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е и пратеник и најистакант член на групата која бара промени во партијата, на својот профил на Фејсбук напиша за приклучувањето на Превала Кадриу.

„Имаше средба меѓу мене и госпоѓа Роланда Превала Кадриу, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците, која гордо се приклучи на каузата што ја водиме!, напиша Меџити на Фејсбук.

Меџити, на 3 март во интервју за Алсат ТВ рече дека несогласувањето со партиската одлука Алијансата да влезе во Владата, била причината Роланда Превала Кадриу да ја напушти партијата и да им се приклучи на „огнените“.

Таканаречената Огнена група уште при крајот на минатата година излезе со барање за реформи во ДУИ и смена на првиот вицепремиер во Владата, од редовите на оваа партија, Артан Груби. Според нив Груби, но и други функционери не ја реализирале партиска програма.

Алијансата за Албанците неодамна се приклучи на владината коалиција на СДСМ и ДУИ, по што партијата Алтернатива премина во опозиција.

Со Алијансата власта доби плус осум пратеници, но излега тројцата од Алтернатива. „Огнената група“ во ДУИ има тројца пратеници во Собранието. Превала Кадриу не е пратеник во Собранието.

Извор: slobodnaevropa.mk
фото:slobodnaevropa.mk