Тешко повреден малолетник – Со автомобил удрил во дрво и во паркирани возила

0
105

Денеска (15.01.2024) во 04:18 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Битола, удрило во дрво и две паркирани патнички моторни возила „бмв“ и „форд“, двете со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.