Се шири видео од неверојатен подводен феномен на Антарктикот кој ги убива сите наоколу

Пред неколку дена на YouTube каналот Beauty Of Planet Earth беше објавено видео на БиБиСи од редок подводен феномен снимен на Антарктикот.

 

Најпрво запрепастувачките сцени набрзо се проширија на социјалните мрежи, но тоа е смртоносна појава. Иако изгледа како торнадо, се е снимено под морето.

https://www.youtube.com/watch?v=sktTW35Qx0s&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fmagazin%2Fclanak%2Fsiri-se-video-nevjerojatnog-podvodnog-fenomena-na-antarktici-koji-ubija-sve-oko-sebe%2F2443551&feature=emb_imp_woyt

Станува збор за ледениот прст на смртта, познат и како леден сталактит или глечер на смртта. Станува збор за природен феномен кој настанува кога солената морска вода „истекува“ од мразот во морето. Кога тоа ќе се случи, постои можност во океанот да се формира подводен сталактит, познат како леден прст на смртта, пишува The Guardian.

Може да порасне и до неколку метри на ден. Кога ќе стигне до морското дно, се шири во слој мраз кој може да порасне доволно брзо за да ги надмине морските ѕвезди, морските ежови и другите морски животни кои бавно се движат. Потоа ги голта и замрзнува на место.

 

Овој необичен феномен е познат уште од шеесетите, но формирањето на ледениот прст е забележано за прв пат дури во 2011 година. Сепак, деталите за овој феномен сè уште не се целосно разјаснети.

 

index.hr