Семејството моли за финансиска помош за итна операција на малиот Дамјан.
-На 6-месечниот Дамјан констатирана му е вродена срцева мана-мултипен ВСД, апокално. Доколку болеста веднаш не се третира ќе донесе животно-загрозувачка состојба! Потребна е наша помош за што поскоро Дамјан да биде опериран во Третата градска болница во Софија, Бугарија. За таа цел, потребно е да се соберат парични средства во износ од 30.000 евра кои во текот на следната недела треба да бидат уплатени на сметка на гореспоментата болница. Бидејќи операцијата е итна и ќе биде извршена по уплатата на средствата, немаме повеќе време за чекање, се вели во апелот кој се шири на социјалните мрежи.
Донирајте на сметката на Даниел Петковски со број 280000000383604-Силк Роуд Банка а.д. Скопје.
Да помогнеме Дамјан да продолжи да живее здраво и безгрижно!