48-часовен притвор за осомничените за грабнувањето на внукот на Љубе Бошковски

Две лица се уапсени под сомнение за поврзаност со киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски и тие од вечерва се во 48-часовен притвор.

Од МВР информираат дека се работи за двајца скопјани, за кои постои сомнение за инволвираност во исчезнувањето на 26-годишниот Самоил Костадиновски.. Претходно, од Јавното обвинителство побараа да им се одреди краткотраен притвор поради сомнение во учество во кривично дело „грабнување“..

„На 08.03.2023 од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје. Двете лица денеска се изведени пред ОЈО Скопје, а потоа и пред судија на претходна постапка, при што им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.“ , информираат од МВР.

26-годишниот Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен на четврти март од страна на неговиот брат и во јавноста со денови се шпекулираше дека можеби е киднапиран.. Последен пат бил виден пред пет дена во близина на чешката амбасада во Скопје.

фото: Архива