По повод неодамнешните прозивки на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска до градоначалникот Кирил Пецаков, а во врска со изградбата на хотелот во Лагадин, градоначалникот Пецаков, одржа прес конференција. Аргументирано и документирано, градоначалникот Пецаков ја изнесе целата генеза на случајот.
-На 23.12.2016 година има правосилно одобрение за градба дадено за изградба на хотелот во Лагадин.
На 15.3.2017 година ова одобрение за градба се прогласува за ништовно од страна на Општина Охрид за првпат, по што следат до ден-денес уште десет ништовни одобренија за градба, сите прогласени за ништовно заради почеток на градба без да се известат институции и спротивно на одредбите од Законот за градење.
Сето ова е проследено со жалби до второстепениот орган, којшто се неколку на број, пред да во 2020 година, односно на 30.1.2020 година има потврдено ништовно решение за одобрението на градба. Значи нашата одлука ја потврдува второстепениот орган од Министерството за транспорт и врски.
Против ова решение е покрената тужба односно управен спор на Управниот суд кој повторно ја враќа на разгледување на првостепениот орган, а тоа е Општина Охрид.
Откако сум станат градоначалник во два наврати е прогласено за ништовно одобрението за градба..
На 9.6.2022 година е едното прогласување за ништовност и на тоа од Министерството за транспорт и врски имаме одговор дека се поништува решението кое го издал првостепението орган и предметот се враќа на првостепениот орган на повторна постапка.
И повторно Општина Охрид го прогласува за ништовно истото одобрение, за веќе на десеттото решение од второстепената комисија при Министертсвото за транспорт и врски од 1.12.2022 година,коешто станува на 1.3.2023 година правосилно, се поништува решението на Градоначалникот на Општина Охрид без да се врати повторно на одлучување на првостепениот орган и сето тоа потпишано и аминувано од страна на министерот за транспорт и врски Бочварски.
За првпат во историјата, барем за Општина Охрид, второстепената комисја на Министерството за транспорт и врски одлучува мериторно, но не како што кажува Законот дека вториот пат треба да одлучи мериторно, туку одлучува десеттиот пат мериторно и му дава правосилност истиот орган, а не јас.
Што значи дека истото одобрение кое е издадено во 2016 година сега стапува на сила.
Со ваквиот епилог на постапката, основата заради која Општина Охрид го поништувала одобрението за градење веќе не држи, а со мериторната одлука на второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски завршува предметот и процесот за овој инвеститор, односно според законот за управна постапка одлуката на второстепената комисија, треба да ја почитува првостепениот орган, истакна градоначалникот Пецаков.