Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на Конзорциумот ИРД-ЕПТИСА-Електра Солушн-Евро Консалтинг. Конзорциумот е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи, oбвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него Фирмата Евро Консалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ. И тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата.
Бранимир Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што е распишана меѓународна потерница.
Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ, кој дипломати додека тие управуваат со институциите му помогнале на истиот да избега од правдата.
Сега Евро Консалтинг на Димитријевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1.8 милиони долари при надзор на патем коридор, ќе го врши надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, проект вреден над 1.3 милијарди евра. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии.
Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија. Затоа потребно е итно изборот да биде поништен и да се распише нов оглас, кој ќе обезбеди компетитивност помеѓу понудувачите и отвореност на постапката, без да биде загрозен националниот интерес, буџетот или репутацијата на државата.
извор: ВМРО ДПМНЕ