Во натпреварувачкиот дел од настанот учествуваа 63 натпреварувачи од 5 клубови од Македонија: „Мастер“ од Охрид, „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, ИТФ клубот ,,Чонџи“ од Косел, ИТФ клубот „Сонкал“ од Мислешево, Струга и „Ахилиус“ од Скопје.
При официјалното отворање на првенството пред присутните се обрати заменик-градонaчалникот, Перчо Божиновски истакнувајќи дека спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на верната публика и на сите нас. Особено е драго што денеска за првпат со финансиска поддршка на Локалната самоуправа се организира еден ваков голем спортски настан.
Денес со овој настан испраќаме порака за афирмација на спортот и создавање на уште подобри услови за негов развој. Со својот незапирлив спортски дух, нашите спортисти победуваат, освојуваат награди, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми успеси.
Живееме во време со многу предизвици. Живееме во хиперповрзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности. Сето ова стресно влијае на сите нас и токму затоа сметам дека вакви спортски случувања ни се повеќе од неопходни.
,,Актерите“ во спортот ја јакнат физичката и психичката кондиција, а во исто време се рекреираат и забавуваат. Општина Охрид дава поддршка и има значаен удел во голем број спортски приказни, така ќе биде и во иднина.
-стои во објавата на ФБ од страна на градоначалникот Кирил Пецаков.