Муареми ќе поднесе кривична против обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифовска

0
384

Првиот човек на Управата за Финансиска полиција ќе им поднесе кривична пријава на Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификуње службена исправа. Арафат Муареми по 10-тина дена откако истражителите на Вилма Рускоска ја тресеа управата вели се било исценирано со една намера -деградирање и рушење на угледот на финансиската полиција и лично него како директор. Вилма Русковска, без да има ниту еден доказ, до судот, а и во јавноста ме обвинува дека сум сторил кривично дело, тврди директорот на Управата, објави Алфа. 

-Нашата постапка пред надлежните институции ќе продолжи преку сите законски права и можности. Не смее ВИЛМА РУСКОСКА да ги руши државните институции, да создава јавен впечаток дека Финансиска Полиција е корумпирана и не работи според закон, а истовремено да смета дека никој не смее да ја контролира и оценува нејзината работа вели Муареми.

Муареми тврди дека претресот на ОЈОГОКК бил неправен незаконски, со низа нерегуларности.

Текстот во целост на: Алфа.