(ВИДЕО) Ѕирнете во рударски град во кој владеат мачки

Малиот тајвански град некогаш бил просперитетен рударски град благодарение на јагленот. Меѓутоа, денес ова место е вистински рај за љубителите на мачки кои доаѓаат од целиот свет да ги фотографираат, да ги хранат и да си играат со нив. Хоутонг, што во превод значи „мајмунска пештера“, е село во северниот дел на Тајван кое некогаш било познато по локалната пештера полна со мајмуни. До денес не се знае точно што се случило со приматите, но во текот на дваесеттите години на минатиот век, додека земјата била под власта на Јапонија, во Хутонг бил пронајден јаглен. Градиќ набрзо станал еден од најголемите добавувачи на јаглен во земјата, а бројот на жители почнал брзо да се зголемува. Сепак, до седумдесеттите јагленот веќе беше стара вест. Помладите жители на Хутонг почнаа да се оддалечуваат во потрага по можности што ги нудат поголемите градови, а до 1990-тите, рударската индустрија целосно исчезна. Населението се намали на помалку од 100 луѓе, а популарноста на местото речиси исчезна. Сепак, малиот рударски град повторно се најде во центарот на вниманието, сето тоа благодарение на пензионерот Чан Би-џун, кој како голем љубител на мачки реши да се грижи за мачките чии сопственици го напуштиле градот.

„Почнав да се грижам за пет мачки кои му припаѓаа на мојот сосед кој почина пред девет години. Мачките раѓаа се повеќе и повеќе. Сега хранам половина од популацијата на мачки во Хутонг“, рече Чан. Денес посетителите најчесто доаѓаат да фотографираат повеќе од 120 весели мачки кои се лежат околу „Селото на мачки“ и уживаат во вниманието и почестите што им ги носат туристите. Близината на главниот град и директната железничка линија обезбедуваат континуиран проток на туристи секој викенд. Мачките се навикнати да се фотографираат, а нивните портрети често може да се видат на социјалните мрежи. (nationalgeographic.rs)

srebrenikaprica.com