Во престрелка во угостителски објект во Тирана, убиена е жена која била таму вработена, а ранети се уште пет лица.
Од фрагментите од скршеното стакло, едно дете се здобило со повреди на раката.
Од полицијата потврдија дека угостителскиот објект е во сопственост на лице со криминално досие.
Не се познати околностите за пукањето,пренесе Блиц.рс.
извор: Блиц.рс.