Лејди Гага настапи на Оскарите во фармерки и без шминка

ИАКО Лејди Гага прошета на црвениот тепих на Оскарите изгледаше негувана во фустан на Версаче и тешка шминка, таа целосно го промени својот изглед кога излезе на сцената да ја отпее Hold My Hand од филмот Top Gun: Maverick, за кој беше номиниран.

Гага пред настапот ја соблече шминката и се пресоблече во обична црна маица и фармерки, а нејзиниот потег предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

 

„Таа е апсолутно убава и не мораше да го докажува тоа со фенси фустан и шминка“, напиша еден фан.

„Само навистина сакам да знам што користи Лејди Гага за отстранување на шминка“, се пошегува друга.

 

„Лејди Гага настапувајќи во нејзината природна форма беше врв на ноќта“, заклучи трета.

index.hr