На вчерашното рочиште за судењето на групата на Веља невоља, сведокот Бојан Хрватин детално опиша како биле убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ. За нас ова е важно бидејќи овие двајца членови на Шкаљарскиот клан кои беа убиени во Атина во ресторан пред три години имаа македонски пасоши.
Четворицата бевме маскирани. Се двоумевме дали да влеземе во ресторанот со маски. Го видовме Дедовиќ и пукавме во него. Стаматовиќ му скокна на рацете на Брашњовиќ, а Лаиновиќ притрча и го уби Стаматовиќ-раскажа сведокот.