Тројца тешко повредени откако автомобил излета од пат во Могила

0
142

На 13.03.2023 во 22.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат во с.Беранци, општина Могила, патничко возило „југо“ без регистарски таблички, управувано од Т.Т.(29) од с.Беранци, излетало надвор од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници, Д.Т.(32) и С.Т.(21) од с.Беранци, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

извор: МВР