More

    Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството, посакувам успех на сите граѓани на Србија и Косово на патот кон ЕУ

    Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

    „Почитувани медиуми,

    Ја поздравувам согласност постигната денес за имплементација на Договорот за патоказот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој ќе биде интегрален и обврзувачки дел на европскиот пат на двете страни.

    Сметам дека денешната согласност за имплементацијата на Анексот на Договорот, вклучително и согласноста за целосна имплементација на обврските од претходните договори од Дијалогот е значајно постигнување.

    Мирот, помирувањето и економскиот развој се клучни предуслови за забрзан прогрес на зa целиот Западен Балкан кон ЕУ.

    Горд сум и среќен што во името на нашите граѓани, со мојот тим бев домаќин на овој важен преговоравачки процес под покровителство на Европската унија, а со поддршка на Соединетите Американски Држави, со кој се потврди мојата лична заложба дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија.

    Сакам да им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството, и да им посакам напредок и успех на сите граѓани на Србија и Косово на нивниот пат кон ЕУ.

    Северна Македонија секогаш ќе биде пријател на сите земји од соседството и ќе продолжиме по патот на европските интеграции и на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    18.8 ° C
    18.8 °
    18.8 °
    24 %
    0.5kmh
    0 %
    Thu
    19 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    16 °
    Mon
    11 °
    spot_imgspot_img