ВМРО ДПМНЕ: Артан Груби дал пари на фирмата на братот Ветон Груби

Криминалот на Артан Груби нема крај.
Груби ги полни џебовите на неговиот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува.
Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари.
Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје.
ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба.
Груби ја докажува нераскинливата врска со неговиот брат, при што и со народни пари сака да го збогати.
Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се одважи и веќе да не молчи.

извор: ВМРО ДПМНЕ