Македонскиот тенисер Калин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП-листата, скок за две места

0
103

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се наоѓа на 475 место на АТП листата што е највисок ранг во неговата кариера. Тој оваа недела ја почнува со скок од две места на најновата АТП-листа.

Нашиот најдобар тенисер настапуваше на ИТФ-турнирот што се одржува во Поатје, Франција каде стигна до полуфиналето.

Инаку на врвот на АТП-листата оваа недела има промени, Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобриот тенисер во светот. Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го симна од првото место по освоениот Мастерс во Индијан Велс. Алкараз стана најдобар тенисер во светот, откако во финалето го совлада Данил Медведев. Добро е познато дека Новак Ѓоковиќ не доби дозвола да влезе во САД, бидејќи нема примено  Ковид-вакцина.

 

 

skopkoeho.mk