Приведен 54 годишен скопјанец кој се самозадоволувал во автобус на ЈСП

54-годишниот В.М. од скопје е приведен ноќеска нешто по полноќ откако бил пријавен дека претходно се самозадоволувал во автобус на ЈСП во подрачејто на Центар.

Денеска (24.03.2024) во 00.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода В.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 23.03.2024 околу 23.00 часот во автобус на ЈСП на подрачје на Центар се самозадоволувал, информираше МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава дополнуваат од полицијата.

 

МВР