Испразнетите работни места ќе ги пополнуваме со работна сила од Непал, Бангладеш, Пакистан?

Менаџментот на светиниколската конфекција „Мода„ прави анализи дали недостатокот со работна рака, може да го реши со работници од Азија. Од Агенција која посредува за увоз на работници од странство , веќе им понудиле за вработување на текстилни работници од Непал. Испразнетите работни места речиси во сите индустриски гранки, може да предизвикат сериозен пад на економијата, објави Алфа.мк.

„Ние имаме реална потреба од работници, а од каде немора да биде Непал. Може и од друго место, од секаде каде ќе има интерес .. и ако тоа не го направиме и не ги пополниме тие работни места, ние ќе имаме голем пад на економијата. Тоа значи помалку буџет, ДДВ, пари за администрација, образование, здравство„ изјави Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организација на работодавачи.
Според Димитров ваквата состојба наложува да се размислува во правец на либерализирње на увозот на стрaнци, односно целосно исфрлање на квотите за увезени работници, предвидени со закон. Со ова работниците кои и сега доаѓаат од странство, нема да работат на црно..

За потребата на увоз на работници од Бангaлдеш, Виетнам или Пакистан, виновни се дел од работодавачите. Платите не се зголемуваа, колективно се отпуштаа работниците, што беше причина многу од нив да заминат во странство остро реагират од Гласен текстилец.

Текстот во целост на:Алфа.мк.