Милијардерот Руперт Мардок (92) ќе се жени по петти пат: Се вери со 25 години помлада девојка

Медиумскиот магнат Руперт Мардок (92) се сврши со 25 години помладата девојка Ен Лесли Смит, само седум месеци откако се разведе од поранешната сопруга, манекенката Џери Хол (66).

Ова ќе биде веќе петти брак за Мардок. Претходно беше во брак со Хол, претприемачката Венди Мардок (54), новинарката Ана Мардок Ман (78) и стјуардесата Патриша Букер.

Мардок ја запроси девојката со дијамантски прстен на Ашер во петокот на 17 март во Њујорк.

– Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе ми биде последно. Подобро да биде. Среќен сум – изјави Мардок за Њујорк Пост.

 

Двојката планира да се венча во текот на летото.

– И двајцата со нетрпение очекуваме да ја поминеме втората половина од животот заедно – изјави Мардок.

 

24sata.hr