Се оценува целокупното искуство на патниците од цел свет, од пријавата до самиот лет.
Секојдневно на овој аеродром поминуваат повеќе од 135 илјади патници, или повеќе од 60 милиони патници годишно.
Меѓу другото ова огромно здание вклучува затворен водопад висок 40 метри, градина за пеперутки, IMAX кино, како и повеќе од 280 продавници и ресторани.
Чанги се смета за најзелен аеродром во светот. На средината на зградата, која што има вкупно 10 ката (5 над и 5 под земја), се наоѓа Rain Vortex, најголемиот водопад на затворено.
Водата од водопадот е од дождовница, што се собира кога има големи невремиња, а истата потоа се пренаменува за одржување на билките во внатрешноста на аеродромот.
Паркот Canopy е преполн со зеленило и разни растенија, а тука се наоѓа и мостот Canopy којшто е висок 23 и пружа панорамски поглед на водопадот.
Должината на мостот изнесува 50 метри, а во средишниот дел има стаклен под. Аеродромот располага и со хотел од 130 соби, a dодека патниците чекаат можат да се забавуваат во зелениот лавиринт од жива ограда или во големиот забавен парк на мрежите.
fashiopnel.mk