На 21.03.2023 во 18:45 часот во с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода М.И.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што извршил обљуба врз малолетничка од тетовско село.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
kurir.mk