Силен земјотрес синоќа регистриран во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија.

Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан.

Земјотресот бил почувствуван низ државата три часа по полноќ, a засега нема информации за евентуална материјална штета.

fokus.mk