На 23.03.2023 во 17.15 часот, при контрола извршена во месноста „Шумски Ревир“ во атарот на кичевското село Грешница, полициските службеници затекнале патничко возило „нисан терано“ без регистарски таблички, управувано од А.А.(21) од истото село. Притоа, констатирале дека тој неовластено и без соодветна документација превезува огревно дрво. Дрвата се одземени и предадени на Шумската полиција за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид